Србија и Црна Гора од идната недела ќе преговараат согласно новата методологија на ЕУ
Србија и Црна Гора ќе ги одржат своите први Меѓувладини конференции со ЕУ во рамки на новата преговарачка методологија на ЕУ усвоена минатата година, јави дописничката на МИА од Брисел.
Новата методологија предложена од страна на Европската Комисија беше одобрена и усвоена во март 2020 за идните земји кандидати што ќе започнат преговори со ЕУ, но беше отворена за земјите кои веќе преговараат да се вклучат на доброволна основа.
Оваа нова „засилена“ методологија предвидува зајакнато политичко управување со процесот и групирање на преговарачките поглавја во шест тематски кластери.
Белград и Подгорица прифатија да се приклучат кон овој обновен процес и првите Меѓувладини конференции за овие две земји во новата рамка ќе се одржат во вторник во Луксембург по Советот за општи работи на ЕУ.
Не е предвидено отворање или затворање на нови поглавја, потврдија ЕУ дипломатите.
– Целта е да се даде нов поттик на преговорите, овие две политички Меѓувладини конференции ќе обележат исчекор во преговарачкиот процес, сметаат од португалското претседателство.
Советот на ЕУ во последните месеци интензивно работеше на прилагодување на процесот со Белград и Подгорица на новата методологија.
– На Меѓувладината ќе се усвои новата методологија за двете земји, не е предвидено отворање и затворање на поглавја, потоа ќе се оди по кластери, целта е да се отвори кластер во блиска иднина, објаснија од Советот на ЕУ.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата