Кошарка
19. April 2016 - 11:48

Србија ги губи квалификациите за ЛОИ

Покрај тоа што ФИБА суспендираше неколку земји  од  ЕП во 2017 година најавено е дека суспензијата може да се прошири и на ЛОИ но и на квалификациите за игрите. Србија доби организација на квалификациски турнир и постои голема можност организацијата да и биде одземена. Извршниот директор на ФИБА Европа Карил Новак ја најави оваа можност и се очекува по состанокот на Бордот кон крајот на неделата ФИБА Европа да побара од ФИБА суспензиите да имаат дејство и на глобално ниво што значи и за квалификациските олимписки турнири. 

Според Новак  Евролигата која нуди загарантирани места за одредени клубови без разлика на пласманот на тој начи го руши спортскиот критериум и ги обесмислува домашните шампионати каде императивот да се освои шампионската титула за настап во Евролигата ќе биде намален.