Спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки
Мобилен тим на Царинската управа спречи обид за криумчарење на 2.220 парчиња лекови и тоа таблети Jardiance од 25 мг – 780 парчиња, инсулин Sanofi Lantus Solostar 100 u/ml – 40 парчиња, таблети Xarelto 15 мг – 728 парчиња и таблети Eliquis 5 мг – 672 парчиња. Случајот, како што информираат од Царинската управа, е откриен кај патарината Романовце при контрола на автобус со турски регистарски таблички кој сообраќал на релација Турција - Косово.
Исто така, Царинската управа откри и 1.100 инсулински игли при контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце. Во автобусот, кој сообраќал на релација Биелефелд – Струга, пронајдени се 57 термомотори и термостати за регулирање на подно греење.
-Откриени се и 183 клучеви за возила и 98 делови и уреди за декодирање на клучеви на Меѓународниот аеродром Скопје во патните торби на државјанка на Косово која допатувала со лет од Виена. 123 парчиња автоделови се пронајдени под задното седиште и во просторот за резервна гума на комбе со бугарски регистарски таблички, а управувано од македонски државјанин, на влез во државата на граничниот премин Делчево, информираат од Царинската управа.
Службата за мобилни скенери, пак, спречила обид за криумчарење на седум делови за моторна санка. Делото е откриено на влез во државата на граничниот премин Табановце при контрола на камион со македонски регистарски таблички.
Царинските службеници на Меѓународниот Аеродром Скопје во багажот на двајца романски државјани кои имале намера да отпатуваат со лет за Лондон откриле 144 штеки цигари и 960 грама тутун, а 48 илјади пара чорапи со вкупна вредност од 442.536 денари коишто не биле опфатени со царинските декларации се пронајдени при контрола на стока со потекло од Косово, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 3, наменета за увозник од Скопје. Откриени се и 73 парчиња облека и обувки во патните торби на македонски државјанин при контрола на автобус на граничниот премин Табановце.
Ново на Сител
-
Мицкоски за случувањата со Арсовска: Дадов коментар, не би имал што да додадам
-
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица со право да гласа и дијаспората
-
Јаневска: Имам информации за десетина ученици што препишувале на испитот
-
Од први јуни авиолинии до уште три градови во Турција
-
УХМР: Не очекува потопло и посушно лето
-
Кулминација на конфликтите меѓу САД и Кина: студенти, компании, минерали, чипови
-
Лавров и Рубио разговараа за Украина во пресрет на денешната рунда мировни преговори во Истанбул
-
Русија ноќеска соборила 162 украински дронови