Јаневска: Имам информации за десетина ученици што препишувале на испитот

Десетина ученици биле отстранети од полагањето на првиот екстерен испит од државната матура во саботата зашто се обиделе да препишуваат од телефон, соопшти денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.
-Од информациите кои досега ги имам, бидејќи процесот се уште не е комплетиран, бројот на ученици што препишувале е значајно намален. Во моментов имаме информации за десетина деца кои се отстранети од тестирањето кои се фатени дека препишуваат од телефон. Информациите се собираат и за некој ден ќе бидат комплетни. Со оглед на тоа колку беа отстранети минатата година, сметам дека има напредок и очекувам секоја година тоа да биде се подобро и подобро, рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање при посетата на објектот во изградба за ОУ „Крсте Мисирков“ во Ченто.
Поради зајакнатите мерки за контрола, очекува бројот да биде уште помал на полагањето на вториот екстерен испит на 11 јуни кога, рече, ќе имаат информации за сите отстранети што препишувале, но дека „оваа бројка нема да биде многу поголема“.
Министерката повторно апелираше до учениците кои се обидуваат „да го излажат системот“ и да препишуваат, со порака дека тоа им штети ним, „а потоа и на сите други“.
-Ризикуваат да изгубат цела година од животот или да влезат на пазарот на трудот или да го продолжат образованието, додаде Јаневска.
Над 15 000 ученици завчера полагаа прв дел од државната матура со тестот по мајчин јазик (македонски, албански, турски, српски) и литература, кој е задолжителен за сите матуранти.
Идната среда (11 јуни) матурантите ќе го полагаат вториот екстерен испит кој е по нивни избор. Најголем број пријавени (над 13 000) има за тестот по англсики јазик.
Ново на Сител
-

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не се пука во Коалицијата на подготвените
-

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј
-

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори
-

Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина
-

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
-

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
-

Еуродизелот поевтинува за два денара, цените на другите горива остануваат исти
