-->
-->
Спречен обид за шверц на рачни часовници со вредност од 240 илјади денари на Аеродромот во Скопје
-->
Царинските службеници на Меѓународниот Аеродром во Скопје, вчера запленија осум рачни часовници со вкупна вредност од 240.862,00 денари. Часовниците се откриени кај македонски државјанин кој слетал со лет од Австралија.
Патникот се определил за зелен канал каде што поминуваат патниците кои немаат ништо за пријавување. На прашањето дали има нешто да пријави, одговорил дека нема ништо за пријавување, но при царинска контрола во багажот на патникот биле пронајдени непријавените часовници: еден рачен часовник Rado и седум рачни часовници Elite.
За само 2 недели, колешките и пријателките ќе ви завидуваат на витката линија.
Против патникот поднесена е прекршочна пријава за непочитување на царинската регулатива.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсена сопругата на Шинаи во кој беше пукано вчера во Куманово
-
Полиција утврдила дека куферот оставен кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е празен
-
Голема полициска акција во повеќе скопски населби, се апсат дилери на кокаин
-
По три години затвор за сопствениците на диви депонии во Вардариште
-
Во центрите за јавно здравје обезбедени 2.400 комерцијални вакцини против сезонски грип
-
Дојава за бомба кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
Четворица дебрани на семејна веселба пукале со пиштоли, поднесена кривична пријава
-
Тетовец при расправија извадил пиштол и му се заканувал на својот брат