Балкан
15. October 2017 - 17:56

Спречен обид за атентат врз Ердоган!

Турскиот претседател Реџеп Ердоган за време на дводневната посета на Србија бил цел на организиран терористички напад од Косово. Акцијата е спречена благодарејќи на однапред подготвени следења на потенцијалните извршители, како и информациите до кои дошле турската разузнавачка служба МИТ и српската разузнавачка служба БИА. Србија данас пишува дека има и уапсени, приведени лица кои ја минале границата на Косово и влегле во Србија со цел да предизвикаат нереди и извршат атентат врз Ердоган.

Имено, Ердоган беше во Србија примен со највисоки почести со јавно оддавање признание како за првостепен економски и стратешки партнер на Србија. По посетата на Белград вториот ден Ердоган и српскиот претседател Александар Вучиќ го посетија Нови Пазар каде во областа на Санџак има припадници на турската етничка заедница и голем број симпатизери на Ердоган и Турција.

Според протоколот и безбедносната проценка посетата на Ердоган била обезбедувана од БИА, но и од околу 200 припадници на турското разузнавање и обезбедување. Сознанијата биле дека на Косово се подготвува поголема терористичка група од околу 100 лица кои имале цел денот на посета на Нови Пазар да го искористат за вооружени инциденти и атентат врз Реџеп Таип Ердоган.

Групата била позната на српските разузнавачи бидејќи голем дел од нив и порано биле дел од терористички активности а мотивот за напад бил да се делува за потреби на најголемиот политички непријател на Ердоган, Фетула Ѓулен, кој со години живее во САД и кого Ердогн го обвини дека е еден од главните организатори на обидот за државен удар во Турција. Дополнително, особено во редовите на екстремните албански националисти на Косово, соработката и пријателството на Србија и Турција како и личните релации помеѓу Ердоган и српскиот претседател Вучиќ за нив се закани за албанските интереси во регионот.

Според Србија данас и српските служби неофицијлано го потврдиле настанот, како и експертот Орхан Драгаш, директор на Институтот за меѓународна бебедност. Драгаш вели дека соработката помеѓу Фетула Ѓулен и албанските терористи на Косово против Ердоган е очекувана. На Косово се вознемирени од стратешката соработка помеѓу Србија и Турција која е пречка за создвање нови немири во овој дел од регионот и експанзија на косовската политика кон соседните држави.

За среќа, во оваа прилика, акциите на турските и српски разузнавачи ја спречија намерата на косовските терористи, а посетата на Ердоган на Санџак мина мирно.