Спречен обид за атентат врз Ердоган!
Турскиот претседател Реџеп Ердоган за време на дводневната посета на Србија бил цел на организиран терористички напад од Косово. Акцијата е спречена благодарејќи на однапред подготвени следења на потенцијалните извршители, како и информациите до кои дошле турската разузнавачка служба МИТ и српската разузнавачка служба БИА. Србија данас пишува дека има и уапсени, приведени лица кои ја минале границата на Косово и влегле во Србија со цел да предизвикаат нереди и извршат атентат врз Ердоган.
Имено, Ердоган беше во Србија примен со највисоки почести со јавно оддавање признание како за првостепен економски и стратешки партнер на Србија. По посетата на Белград вториот ден Ердоган и српскиот претседател Александар Вучиќ го посетија Нови Пазар каде во областа на Санџак има припадници на турската етничка заедница и голем број симпатизери на Ердоган и Турција.
Според протоколот и безбедносната проценка посетата на Ердоган била обезбедувана од БИА, но и од околу 200 припадници на турското разузнавање и обезбедување. Сознанијата биле дека на Косово се подготвува поголема терористичка група од околу 100 лица кои имале цел денот на посета на Нови Пазар да го искористат за вооружени инциденти и атентат врз Реџеп Таип Ердоган.
Групата била позната на српските разузнавачи бидејќи голем дел од нив и порано биле дел од терористички активности а мотивот за напад бил да се делува за потреби на најголемиот политички непријател на Ердоган, Фетула Ѓулен, кој со години живее во САД и кого Ердогн го обвини дека е еден од главните организатори на обидот за државен удар во Турција. Дополнително, особено во редовите на екстремните албански националисти на Косово, соработката и пријателството на Србија и Турција како и личните релации помеѓу Ердоган и српскиот претседател Вучиќ за нив се закани за албанските интереси во регионот.
Според Србија данас и српските служби неофицијлано го потврдиле настанот, како и експертот Орхан Драгаш, директор на Институтот за меѓународна бебедност. Драгаш вели дека соработката помеѓу Фетула Ѓулен и албанските терористи на Косово против Ердоган е очекувана. На Косово се вознемирени од стратешката соработка помеѓу Србија и Турција која е пречка за создвање нови немири во овој дел од регионот и експанзија на косовската политика кон соседните држави.
За среќа, во оваа прилика, акциите на турските и српски разузнавачи ја спречија намерата на косовските терористи, а посетата на Ердоган на Санџак мина мирно.
Ново на Сител
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила