Спречен нелегален влез на мигранти на граничниот премин „Богородица“
Царинската управа соопшти дека нејзини мобилни тимови спречиле нелегален влез на пет мигранти од Конго и Авганистан во државава. Тие биле откриени во камион со српски регистарски таблички на граничниот премин „Богородица“.
-На 14 април 2023 година, на граничната царинска испостава „Богородица“, при контрола на товарно моторно возило со српски регистарски таблички пријавено за транзит, биле пронајдени пет мигранти без документи за идентификација. При детална контрола на возилото извршена со мобилен скенер, во делот од приколката наменет за резервни делови биле пронајдени петте лица со потекло од Конго и Авганистан, информира Управата.
Лицата биле предадени на Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи за нивна понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Членовите на Судски совет сами да си дадат оставка – Не се избрани да бидат скандал мајстори
-
Измените на Кривичниот законик утре пред Уставен – Околу 800 лица досега се спасиле од одговорност
-
Заклучоци од владина седница
-
Контакти со Бугарија се уште нема – Оптимизмот останува
-
Телефони во училница или не? Наставниците со поделени мислења
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет