Македонија
12. February 2025 - 10:22

Усмртен пешак на магистралниот пат Гостивар-Кичево

Пешак вчеравечер бил усмртен магистралниот пат Гостивар – Кичево, на крстосница за с.Колибари, кичевско.

Од МВР информираат дека автомобил „рено меган“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Р.И.(66) од село Горно Строгомиште, кичевско синоќа околу 23:15 часот удрил во пешак И.А.(66) од с.Колибари.

-Од здобиените повреди, пешакот И.А. починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, велат од полицијата.

Увид извршила екипа од ОВР Кичево и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.