Меси не исклучува настап на СП 2026
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, 36-годишниот Лионел Меси сè уште не ја исклучува можноста да ја брани титулата светски првак со Аргентина на Мундијалот кој во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Меси во интервју за аргентинските медиуми рече дека во преден план кога е во прашање репрезентацијата му е настапот на Копа Америка.
„Сакам на следното издание на Копа Америка да дојдам во добра состојба и форма и во согласност со тоа ќе ги носам натамошните одлуки“, изјави Меси.
Одговарајќи на новинарско прашање дали размислува да настапи на Мундијалот 2026, Меси рече дека сè уште е рано за конечна одлука.
„Не размислувам сè уште за тоа. Годините минуваат и морам од ден за ден да видам како ќе се чувствувам“, рече Меси.
Аргентинскиот фудбалер сезонава настапува за Интер од Мајами и во воведните четири натпревари во МЛС лигата постигна еден гол и додаде две асистенции.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешен претседател на ДКСК
-

Неделава конечно ќе се објават имињата што ќе го заменат Меџити во Владата
-

Реформи во судството
-

Аца Лукас обвинува за политичко приведување: Ако било нерегуларно требаше да не дозволат да се случи настапот
-

АХВ спречи увоз на над 20 тони небезбеден помфрит од Холандија - рокот на употреба му поминал пред 6 месеци
-

Граѓаните ги чекаат парите од Мој ДДВ, од власта најавија дека ќе ги добијат до крајот на месецот
-

Ресен се справува со штетите од поплавите
-

Со новите авиолинии до пораст на туристите
