-->
-->
Хуркач спаси меч-топка против Рубљев и го освои Мастерсот во Шангај
-->
Светскиот рекет број 17, Хуберт Хуркач, денес во финалето во Шангај го победи 7. На АТП ранг-листата, Андреј Рублев од Русија со 6:3, 3:6, 7:6 (8). Во тајбрејкот Рубљев водеше со 5:2, имаше и меч топка на 6:5, но на крајот се радуваше полскиот тенисер.
Хуркач на овој турнир сервираше најмногу асови - 98.
Тој го освои својот втор Мастерс, по Мајами во 2021 година. Генерално, ова е седма АТП титула во неговата кариера.
Дваесет и шестгодишниот Полјак е единствениот надвор од Топ 10, кој успеал да освои Мастерсот во 2023 година.
На утрешната ранг-листа, Хуркач ќе напредува шест позиции и ќе биде на 11.место. Рубљев и покрај поразот ќе се врати на најдобриот пласман во кариерата – 5. место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години