Еурофарм Пелистер загуби од Кил за трет пораз во Лигата на шампионите
Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер пропушти шанса да го изненади германскиот првак Кил кој благодарение на искуството вечерва во Битола победи со 23:20. За битолчани ова беше трет пораз на исто толку средби во елитното натпреварување.
Домашниот тим поттикнат од петилјадна публика во најголем дел од средбата беше рамноправен противник со фаворитот, до 49 минута резултатот беше израмнет 16:16 и 19:19, но на крајот Кил успеа да победи.
- Вчера во Битола имаше празник на ракометот. Ние сме најмладиот учесник во групата „А“, но можевме да изненадиме со поволен резултат доколку на крајот не направевме почетнички грешки, изјави по натпреварот, тренерот на Еурофарм Пелистер, Александар Јовиќ.
Најефикасни во тимот на битолчани вечерва беа Радивојевиќ со 5 и Цехте со 4 голови, но најдобар впечаток остави голманот Калифа Гедбане, додека кај гостите Екберг и Елефсен постигнаа по 5 голови за успех на гостувањето на како што рекоа „жешкиот терен“ во Битола.
Ново на Сител
-
Баро: Путин е пречка за мирот, потребни се нови санкции против Русија
-
Баерн подготвува емотивно збогување со ветеранот Милер
-
Путин и Трамп разменија честитки по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија
-
Во Москва средба Вучиќ - Си Џинпинг
-
Бискупот Стојанов упати честитки до папата Лав Четиринаесетти
-
Потребна е итна санација на патот во Галичник
-
Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво
-
В недела посебен режим на сообраќај во Скопје