„Сподели го сонот“ на Тинтири Минтири Филм Фест

Под мотото „Сподели го сонот“, од денеска до 12 јуни во Кинотека на Македонија ќе биде одржано второто издание на меѓународниот филмски фестивал за деца Тинтири Минтири Филм Фест.
И оваа година на фестивалот ќе се прикажуваат филмови за деца што ги снимаа членовите на филмското училиште Тинтири Минтири, како и меѓународни филмови за деца, а ќе се одржуваат и работилници.
- Се обидуваме да изградиме ангажиран филмски фестивал за деца, нешто што е новитет не само во Македонија, туку и во светот. Фестивал на кој освен филмови за деца направени од филмски професионалци, публиката ќе може да види филмови создадени од деца, на високо професионално ниво. Со нашите ученици работиме и инсистираме да им изградиме што повисок критериум за филм. Ги запознаваме со сите аспекти на филмот, од идеја до финален производ, вели Кузман Кузмановски, директор на фестивалот и раководител на филмското училиште Тинтири Минтири.
Во рамки на фестивалот ќе бидат прикажани филмови од деца кои се пријавија на отворениот конкурс објавен од страна на филмското училиште Тинтири Минтири.
На 11 јуни ќе се одржи работилница за деца за основи на филмско сценарио.
Децата гледачи ќе гласаат за најдобар филм и согласно нивните гласови ќе биде одбран победничкиот филм.
Билетите за проекциите чинат 25 денари.
Првото издание на меѓународниот филмски фестивал за деца Тинтири-Минтири Филм Фест се одржа минатата година, под мотото Филмови на големото срце.
Тинтири Минтири e филмско училиште кое ги детектира и активира креативните потенцијали на децата преку глумење, изработка на играни и анимирани филмови, радио драми, креативно пишување, од почеток до финален производ.
Ново на Сител
-

Минимално поевтинува преносот и дистрибуцијата на струја, се чека ЕВН да ја соопшти официјалната цена
-

Светски ден на волонтерството – Пратениците на еден ден беа волонтери на Црвениот крст
-

48 американски волонтери од Mировниот корпус ќе бидат ангажирани во македонските училишта
-

Преглед на вестите од светот
-

Регулаторната комисија ги намали цените за пренос и дистрибуција на електрична енергија за 2 до 3%
-

Филипче: СДСМ спреми нови бомби, ја повикуваме Ковеши да ја посети Македонија за да ги види злоупотребите
-

Охрид доби културно-туристички водич
-

Преглед на вестите од светот
