СПМ повика на обединување за одбрана на Македонија
Социјалистичката партија на Македонија денеска на прес-конференција ги повика граѓаните на Република Македонија, без разлика на националната, верската припадност, партиската и идеолошката определба, да се обединат околу патриотската идеја за одбрана на извојуваната придобивка, заедничката таковина Република Македонија.
Генералниот секретар на партијата Љупчо Димовски побара од граѓаните да се обединат околу, како што кажа, светата идеја заеднички да ја градиме Македонија во држава за сите во која за секого ќе биде обезбеден пристоен живот и посакуван стандард, за брз и несметан развој на Македонија, особено на економски план, да обезбедиме внатрешен мир, стабилност, безбедност, слобода и демократија.
- Да се обединиме и цврсто да се определиме во сочувувањето на суверенитетот, независноста, во одбрана на нашата богата историја, култура и традиција, да им овозможиме на нашите поколенија да живеат подобро, да се воспитувааат и образуваат во духот на заедничките традиции, мирно и сложно да продолжиме да работиме на економскиот развој на нашата земја, рече Димовски.
Повика на обединување околу идејата за, како што рече, да се стесни просторот на дејствување на деструктивните сили, на болните кариеристи, на квази политичари, на сеачи на магли, лаги, афери за хаос, предизвикувачи на граѓански судири и војна, клептомани, криминалци, на луѓе без морал и етика, без елементарна култура, достоинство и чувство за одговорност, верни слуги на туѓите интереси, опседнати со омраза, осветољубивост и примитивизам.
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци, Могила и Битола
-
Предизборен карван на СДСМ во Дебарца, Вевчани, Струга и Охрид
-
Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Одобрено обвинението за пожарот во Пулс
-
Сопствениците на диви депонии во Вардариште седнаа на обвинителна клупа
-
Ветувања од власта: Поширок булевар во Чаир, чист Центар, стипендии за повредените во Кочани
-
Шукова ќе го воведе БРТ системот за поефикасен градски јавен превоз