СПМ: Доаѓа времето за одговорност на ДУИ за сите криминални злодела кои ги изврши врз македонските граѓани

Социјалистичката партија на Македонија во барањето на Артан Груби гледа како на нова доза специфичен хумор од кујната во Речица. Доколку е сериозен со безобразното барање за носење на уставни измени по што би следело коалицирање на неговата партија ДУИ во формирањето на влада тогаш оправдана е загриженоста за неговата општа состојбата.
На Груби и на ДУИ им е јасно дека се веќе дел од мрачното минато на Македонија, како што им е совршено јасно дека доаѓа времето за нивната одговорност за сите криминални злодела и узурпации кои ги извршија врз македонските граѓани и држава.
Но, Груби на најпримитивен начин повторно гази врз граѓаните на Македонија, ги навредува и ги потценува со вакво барање за да се прифатат бугарските уцени. Со тоа тој потврдува дека ДУИ, самиот тој и апатридите од СДС се во директна спрега со великобугарската политика на Софија и се најодговорни за преговарачкиот пораз и блокадата на македонските евроинтеграции.
Затоа што Груби, ДУИ и приврзокот СДС немаат основно чувство за Македонците кои во огромен број се против бугарските уцени и не ги прифаќаат уставните измените.
Социјалистичката партија на Македонија и укажува на јавноста дека никој не го сака ниту ДУИ, ниту Груби за формирање влада.
Спротивно на тоа, токму тој самиот со неговата ДУИ отворено се нуди со лажна слика за проевропска ориентација што е една од веселите теми за засмејување. Под нивната матрица на кротко нудење со сурово уценување се крие пакосниот лик на дволичност, лицемерие и порив за грабеж и измама.
Времето работи против овие политички истрошени ликови и измамници, подеднакво како што времето работи за македонските граѓани, за осмомајската изборна победа, за новото освојување на слободата и враќањето на државата на народот.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина
-

Ѓорѓиевски: За 72 часа Скопје ќе биде чисто
-

Нетанјаху нареди силни удари врз Газа по прекршување на примирјето
-

По Куманово, дојави за бомби во основни училишта и во Скопје
-

Дојави за наводно поставени бомби во повеќе основни училишта во Куманово
-

Димитриеска Кочоска: Со Предлог буџетот за 2026 забрзување на економскиот раст, дури 40,5 милијарди за капитални инвестиции
-

Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина
-

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 проценти, инфлација 2,5
