Спикерот на Когресот на САД Рајан го обвини Трамп за расизам
Спикерот на американскиот Конгрес, Пол Рајан кој е висок функционер на Републиканската партија, го осуди вербалниот напад на Доналд Трамп врз еден обласен судија, оквалификувајќи ја постапката на милијардерот- политичар како „расизам“.
-Коментарот е расистички затоа што сугерира дека еден судија, од мексиканско потекло, бил пристрасен, во правен случај против Трамп- изјавил Рајан за американските медиуми.
Трамп го обвини судијата Гонзало Куриел кој го истражува случајот против сега нефункционалниот „Трамп Универзитет„ дека не дејствувал фер и чесно, затоа што е Мексиканец и затоа што е против изградбата ѕид на мексиканско-американската граница.
Трамп се брани дека неговииот коментар бил „погрешно протолкуван„ како напад врз сите Мексиканци и Хиспано-американци, но Рајан побара од најверојатниот кандидат на републиканците за претседателските избори, да го повлече коментарот.
Минатата недела Рајан изјави дека ќе ја подржи кандидатурата на Трамп на партиската конвенција идниот месец. По сегашниот расистички коментар за судијата, Спикерот на Конгресот потврди дека и натаму му дава подршка на Доналд Трамп.
Контроверзниот коментар на Трамп предизвика нови бранувања во американската политичка јавност, особено што њујоршкиот милијардер, во негов стил, го обвини судијата дека е „пристрасен„ бидејќи е од мексиканското потекло и рече дека доколку судијата би бил муслиман, слично би се однесувал кон него, поради барањето да им се забрани влез на Муслиманите во САД.
Низа угледни републикански политичари ја осудија изјавата на Трамп , а со осуда се огласија и тројцата неговите противкандидати во изборната трка-Тед Круз, Марко Рубио и Џон Кејсик.
Тие го обвинуваат Трамп дека не само што „продолжува со поделбата на Американците„ туку и јавно изразува сомнеж и неверување во американскиот правосуден систем.
Ново на Сител
-
По повод 45 години Пекабеско ќе донира 30.000 евра за најмладите
-
Последни пратенички прашања за годинава
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава
-
Приватните превозници возат редуцирано – ги чекаат парите од Град Скопје
-
За 3000 евра македонски државјани војувале за Русија
-
Дали после празниците не очекува пикот на грипот?