Спикерот на бугарското Народно собрание свика вонредна седница поради рускиот ултиматум и тензиите во Украина
Претседателот на Народното собрание на Бугарија Никола Минчев утре закажа вонредна седница.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, на дневен ред ќе бидат излагања на премиерот на Бугарија Кирил Петков, министерот за одбрана Стефан Јанев, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и шефовите на бугарските специјални служби.
Повод за заседанието е руско-украинскиот конфликт и тензијата меѓу НАТО и Руската Федерација и улогата на Бугарија во процесот на одлучување на НАТО за прашања, како и распоредувањето на вооружените сили на сојузниците на територијата на Република Бугарија.
Барање за вонредна седница поднесоа 59 пратеници од коалицијата ГЕРБ-УДФ.
Претходно денеска бугарскиот премиер ќе заседава со Советот за безбедност на бугарската Влада, а утре ќе се одржи владин состанок на кој ќе се разговара за тензиите околу плановите на Украина и на сојузниците во НАТО за зајакнување на источното крило на Алијансата.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор врз АНБ и Агенцијата за разузнавање
-
Реџепи не закажува седница на Комисијата за надзор врз АНБ и АР – Нема безбедносен сертификат
-
Кучињата скитници и понатаму горлив проблем за локалните власти и граѓаните
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест на жителите на Аеродром против депонијата Вардариште
-
Teма на денот со Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни и поранешен директор на АР
-
Филипче: Разбирам зошто граѓаните се загрижени, но ЕУ процесот мора да продолжи
-
Студентите бараат зголемување на износот за субвенциониран оброк