-->
-->
Спасовски: За пет години откривме корупција која го оштети буџетот за 1,35 милијарди денари
-->
Покажуваме максимална посветеност и ангажираност во борбата против организиран криминал. Пресечени се 20 канали за меѓународен транспорт на дрога и запленета е дрога во вредност од 15 милиони евра ова го кажа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во Дневникот на Сител ТВ.
Тој додаде дека се сузбиени десетина организирани криминални групи со околу 60 членови, што покажува дека активностите против криминалот се на високо ниво.
- Имаме добри резултати и во зголемување на ефикасноста во откривањето на кривични дела за корупција. Во 2021 година имаме раст од 50 отсто во однос на претходната 2020 година. За пет години имаме откриено корупција која го оштетила буџетот за 1,35 милијарди денари, рече Спасовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Влатко Грозданов, кандидат за градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ
-
Ден на револуционерната борба
-
Герасимовски со итни мерки од кризниот штаб за справување со ѓубрето во Центар, се мобилизираат и другите општини
-
Состојбата со сметот во Скопје е алармантна за здравјето на сите граѓани предупредуваат лекари
-
ДИК одлучува по приговорите
-
Македонската економија ќе бележи раст од 3%, и инфлација од 4% - прогнозира Виенскиот институт
-
СДСМ: Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено да прифаќа мигранти
-
Преглед на вестите од светот