-->
-->
Спасовски: Во акцијата не беше воопшто употребена сила
-->
Полицијата нема воопшто употребено сила, а акцијата е спроведена според прописите и правилата, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил во врска со акцијата што беше спроведена во саботата во угостителски објекти при што беа приведени неколку лица.
Тој ги повика граѓаните да пријават во МВР доколку се соочиле со несоодветно однесување на полицијата.
- Меѓу чесните гости имаше и такви кои незаконски беа вооружени, кои поседуваа наркотични средства, кои нападнаа полицајци и кои одбија да постапат по полициска наредба. Ноќните клубови се места за забава, но мора да бидат безбедни, а законот важи еднакво за сите, напиша министерот Спасовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло