Спасовски-Варадкар: Ирска останува голем поддржувач на Македонија
Ирска останува голем поддржувач на Република Македонија и нејзината Влада е подготвена да го сподели искуството како членството во ЕУ и помогна на Ирска да ја развие својата економија да биде меѓу најсилните во ЕУ, и изрази надеж дека истото може да се случи и со Македонија.
Ова, како што соопшти владината прес-служба, го порачал премиерот на Ирска Лео Варадкар во телефонскиот разговор со премиерот Оливер Спасовски.
Премиерот Варадкар упати честитки за работата на Владата во услови на пандемијата со Ковид-19, како и за членството во НАТО и позитивната одлука на ЕУ за почеток на преговорите.
Премиерот Спасовски се заблагодари за искрената поддршка од Ирска и потенцираше дека нашата земја ја очекува преговарачка рамка во јуни, и побара поддршка за побрз почеток на преговорите. Спасовски ја издвои посебната посветеност на Владата кон имплементација на билатералните договори со Грција и Бугарија, кои значително ги подобруваат добрососедските односи и претставуваат позитивен пример во регионот, стои во соопштението.
Двајцата премиери се согласиле дека Самитот Загреб 2020 за ЕУ и Западен Балкан испрати силна порака за поддршка на ЕУ за регионот.
Во телефонскиот разговор премиерот Спасовски му честиташе на колегата од Ирска Варадкар за неговата одлука повторно да ја активира својата лиценца како доктор и да се приклучи кон здравствениот тим на неговата земја за време на пандемијата како гест на силна позитивна порака за посветено лидерство.
Премиерот Варадкар се заблагодари и информираше дека Ирска почнува да ги олабавува мерките, а премиерот Спасовски рече дека и кај нас започнува олабавување на мерките и дека по завршувањето на вонредната состојба, ќе продолжат активностите за спроведување на парламентарните избори, се додава во соопштението на владината прес-служба.
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка