Спасовски се сретна со О’Брајан во Вашингтон
Министерот Спасовски остварил средба со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија. Џејмс Обрајан
Средбата помина во пријателска атмосфера, а се разговараше на повеќе теми, меѓу кои поддршката од САД за МВР и за државата генерално, напредокот во борбата против корупцијата, како и за листата на санкции на САД – се вели во соопштението на МВР.
Притоа, Спасовски истакнал дека сите директиви и лицата ставени на листата на санкции на САД ќе бидат ставени во законска рамка за да немаат можност да учествуваат во јавни набавки, да бидат дел од Владата, ниту пак да бидат кандидати за извршување јавни функции.
Од страна на помошникот државен секретар на САД било потенцирано дека ова се многу важни чекори кои МВР и Владата на Македонија ги преземаат во борбата против корупцијата и организираниот криминал, се вели во соопштението на МВР.
На средбата двајцата соговорници се согласиле дека европскиот пат нема алтернатива и периодот што следи е клучен за Република Македонија, во однос на техничката Влада и изборите, предизвиците коишто доаѓаат се многу битни за тоа во кој правец ќе се движи државата.
Спасовски во Вашингтон оствари средби и со неколку влијателни конгресмени.
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?