Спасовски се сретна со амбасадорот Раковец
Словенија е подготвена да и обезбеди секаков вид помош на Македонија во справување со приливот на мигранти, во обезбедување персонал или во техничка помош.
Ова денеска го истакнал амбасадорот на Република Словенија во Македонија Бранко Раковец, кој се сретна со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Како што информира МВР, Спасовски ја изразил подготвеноста на македонската полиција за продлабочување на соработката со државите членки на Европската унија, од аспект на добивање на секаков вид на дополнителна финансиска, кадровска и техничка помош.
Ресурсите, како што се наведува во соопштението, со кои располага Република Македонија се ограничени наспроти енормниот прилив на мигранти. Според предвидувањата, се очекува натамошно зголемување на бројот на бегалци.
На средбата министерот Спасовски го информирал амбасадорот Раковец и за тековните активности на Министерството.
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица