-->
-->
Спасовски: Режим никогаш повеќе
-->
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот Фејсбук, објавувајќи фотографија се присети на настаните на 24 декември.
-Да не се заборави и никогаш да не се повтори! Овој ден е потсетник на вистинското криминално и насилничко лице на ВМРО-ДПМНЕ. Режим никогаш повеќе!, напиша Спасовски.
На 24 декември 2012 се случи еден од најголемите удари врз демократските вредности во Македонија. Пратениците од опозицијата (СДСМ) и новинарите беа насилно отстранети од седницата на Собранието на која се расправаше за буџетот за 2013 година.
Овој настан предизвика голема политичка криза во чие надминување мораше да се инволвира ЕУ и други меѓународни фактори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тошковски: Засилени полициски активности пред новогодишните празници
-
ЦУК: Поради магла шест скијачи се изгубиле на Попова Шапка, пронајдени од вработен на ски-лифт
-
Најниска температура од - 1 на Попова Шапка, Крушево и Лазарополе, најтопло во Гевгелија со 7 степени
-
Изгоре сопственикот на куќата во вчерашниот пожар во Велес
-
Приведен крадец во Скопје, следува соодветна пријава
-
„Новогодишна кошница“, најавени 900 производи со пониски цени, инспекторите на терен
-
Избодена девојка пред ресторан во Белград
-
Маж од БиХ скршил рампа на граничен премин со Хрватска, удрил во полициска блокада па загинал