Спасовски: Оддаваме почит на ликот и делото на хероите - споменот за нив останува бесмртен
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во спортската сала „Бранители 2001“ во Крива Паланка го прогласи за отворен традиционалниот Меморијален фудбалски турнир посветен на споменот и незаборавот на загинатите припадници на МВР, хероите Момир Стојановски, Горан Стојановски и Јане Јакимовски во организација на „Здружение на членовите на фамилиите на загинатите припадници на вооружените сили на Македонија -Херои на Македонија 2001“.
-Традицијата e вредност, длабоко вткаена во човековото постоење. Вредност што не зближува едни со други, што ја дава онаа важна нитка на благородна почит што им помага на спомените да останат - бесмртни. Овој меморијален турнир ја има токму таквата возвишена цел: повторно да не собере и сите заедно да се присетиме на ликот и делото на луѓето што некогаш беа со нас, се радуваa и тагуваа заедно со нас, кои храбро и достоинствено ги положија своите животи за нас, за татковината -нашите другари, соборци и колеги Момир, Горан и Јане”, рече министерот Спасовски.
Тој во свое и во име на МВР оддаде должна почит на хероите и на нивните најблиски, со уверување дека спортскиот дух на оваа традиционална манифестација се најдобриот влог што ќе овозможи нејзина долговечност.
Во спомен и сеќавање на загинатите припадници на МВР пред Спомен бистата на Одделението за внатрешни работи во Крива Паланка, министерот Оливер Спасовски придружуван од началникот на Одделот за специјални полициски операции Митко Даневски и началникот на СВР Куманово Бранко Ракиќ оддадоа почит и положија цвеќе.
Ново на Сител
-
Французите масовно гласаат во првиот круг од парламентарните избори
-
Гувернерот на Истанбул ја забрани Парадата на гордоста, го затвори центарот на градот
-
За влез во земјава на „Табановце“ се чека два часа, на останатите премини околу еден час
-
Два хеликоптера на МВР вклучени во гасењето на пожарот кај Василево
-
Најмалку 18 лица загинаа, а 30 се ранети во три напади на жени бомбаши самоубијци во Нигерија
-
Свечља: Вучиќ ќе биде затворен ако се обиде без дозвола да влезе во Косово
-
ИНСТАТ ја коригираше грешката, на прегледот за пописните резултати напиша Македонци
-
До 14 часот на изборите за нов лидер на СДСМ гласале 28,61 отсто од регистрираните избирачи