Спасовски: Нема да дозволам понижување на македонскиот народ!
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку Фејсбук повторно упати апел до граѓаните за мирно чествување на 4 Февруари, денот на раѓање на нашиот великан Гоце Делчев:
„Упатувам апел за смиреност до сите граѓани по повод чествувањето на 4 Февруари, денот на раѓање на нашиот великан Гоце Делчев.
Како министер за внатрешни работи нема да дозволам понижување на македонскиот народ!
Институциите работат и се прибираат информации кои значат дека ова очекување на граѓаните ќе биде реализирано.
Мораме да ја деескалираме состојбата што неодговорните политичари, групи и поединци сакаат да ја влошат. Нема да дозволиме никаква ескалација, инцидент или понижување на македонскиот народ и држава од никого
Тука се институциите на системот коишто функционираат и коишто мораат да ги обезбедат сите очекувања кои ги имаме.
Сакам да упатам јасна порака до политичките субјекти и политичарите, да бидеме одговорни во овој процес. Бидејќи, неодговорноста не прави добро на граѓаните и државата, мирот и стабилноста е одговорност на секој еден од нас.
Да се напушти таква реторика од разни „патриотски институти” за тоа што можат да направат.
Немојте како граѓани да подлегнувате на повик на било кои политички субјекти и да преземате надлежност на институциите.
Ова е порака до сите коишто сакаат да учествуваат.
Затоа што минатото покажа дека оние коишто ги мотивираат луѓето наводно да ја чуваат демократијата, државата и националноста, тие остануваат нечепнати. Оние кои посегнуваат по државата, по институциите, сега се наоѓаат во затворските институции.
Секој да овозможи чествувањето на 4 Февруари да биде достоинствено, а институциите се тука да се грижат за се што треба за редот и безбедноста во државата.
Никој не смее да биде и нема да му биде дозволено да биде над државата!“ - пишува министерот Спасовски на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Колумбискиот претседател го нарече Трамп „фашист“ и го спореди со Хитлер
-
Во тек е голема полициска акција за откривање и запленување на фалсификувани пари
-
Четиригодишното дете од Струга што почина имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
Вкупно седум лица повредени во две одделни сообраќајки близу Кичево, меѓу нив 19-годишна девојка
-
89-годишен битолчанец удрен од автомобил, се здобил со тешки телесни повреди
-
Дончиќ нов играч на Л.А. Лејкерс, трансферот се одвивал во строга тајност, Словенецот не знаел ништо
-
Јаневска за новиот концепт на гимназинско образование: Нормално е да има реакции, не е исклучена можноста за промени