Спасовски на министерска конференција во Србија
Делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од министерот Оливер Спасовски денеска во Белград учествуваше на министерската конференција „Регионална проценка на заканите од тежок и организиран криминал- регионална СОКТА“, на која учествуваа и министрите за внатрешни работи на Србија и на Црна Гора.
Како што соопшти МВР, министерот Спасовски во своето обраќање истакнал дека се наоѓаме во непредвидлив период кога заканите, ризиците и предизвиците еволуираат и се модифицираат на дневна основа и затоа мора да има соодветна реакција за да се заштитат граѓаните, а криминалците да бидат изнесени пред лицето на правдата.
- Да ги натераме да не помислат воопшто на криминално дејствување. Да знаат дека криминалот не се исплати. Човековата слобода, достоинството, здравјето, имотот и приватноста мора да бидат сигурни и заштитени. Никој не смее да ги злоупотребува и да тргува со нив. Недозволената трговија со дрога, илегалната миграција, трговијата со луѓе, економскиот криминал, компјутерскиот криминал, како и организираните криминални групи кои дејствуваат во различни области на криминал мора да станат минато, нагласува Спасовски.
Порачал дека оваа Регионална конференција е вистинското место каде треба да се испратат овие пораки. Македонија, Србија и Црна Гора да бидат пример за останатите и со заеднички пристап да се стави крај на сериозниот и организиран криминал.
Конференцијата ја организира Мисијата на ОБСЕ во Србија во склоп на проектот за „Подобрување на капацитетите на секторите за стратешка анализа и стратешка проценка во управите на криминалистичките полиции на Министерствата за внатрешни работи на Македонија, Србија и Црна Гора“, под финансиско покровителство на Швајцарија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Влатко Грозданов, кандидат за градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ
-
Ден на револуционерната борба
-
Герасимовски со итни мерки од кризниот штаб за справување со ѓубрето во Центар, се мобилизираат и другите општини
-
Состојбата со сметот во Скопје е алармантна за здравјето на сите граѓани предупредуваат лекари
-
ДИК одлучува по приговорите
-
Македонската економија ќе бележи раст од 3%, и инфлација од 4% - прогнозира Виенскиот институт
-
СДСМ: Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено да прифаќа мигранти
-
Преглед на вестите од светот