Спасовски на Конвенција за полициска соработка на ЈИЕ во Крањ
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски учествува на 17. Комитет за министри на Конвенцијата за полициска соработка на Југоисточна Европа, што денеска и утре се одржува во Крањ, Словенија.
- Конвенцијата за полициска соработка на Југоисточна Европа остварува вистинска опиплива стратешка и оперативна соработка која дава резултати во сите земји кои се дел од оваа платформа и недвосмислено би сакал да изразам сигурна натамошна поддршка на процесите, работните групи и настани организирани во рамки на Конвенцијата кои бараат континуирано посветено и активно учество на претставници од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, рече Спасовски во обраќањето на Комитетот.
Како што соопшти МВР, тој истакнал и дека Конвенцијата за полициска соработка на земјите од Југоистична Европа одиграла значајна улога во подигање на свеста за потребата и можностите што ги нуди автоматската размена на податоци, а министрите за внатрешни работи на договорните страни на Конвенцијата ја поддржале препораката на Експертската работна група за проширување на веќе изготвениот предлог документ за автоматска размена на ДНК податоци, со што се вклучени и дактилоскопските податоци и податоци за регистрација на возила.
На оваа средба предвидено е и донесување одлука за нов раководител на Секретаријатот на PCC SEE, Томас Херко, предложен од страна на австриското Министерство за внатрешни работи.
Ново на Сител
-
Шекеринска: Никогаш за никого не сум ургирала
-
Сестрата на Фросина: Бараме одговорност од таткото на возачот и судијката
-
Колумбискиот претседател го нарече Трамп „фашист“ и го спореди со Хитлер
-
Во тек е голема полициска акција за откривање и запленување на фалсификувани пари
-
Четиригодишното дете од Струга што почина имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
Вкупно седум лица повредени во две одделни сообраќајки близу Кичево, меѓу нив 19-годишна девојка
-
89-годишен битолчанец удрен од автомобил, се здобил со тешки телесни повреди