Спасовски: Mожеме и мораме да ги заштитиме жените и девојчињата од секаков вид на насилство
Денеска на меѓународниот ден за елиминација на насилство против жените и девојчињата министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски имаше свое обраќање во рамки на проектот на Комората за приватно обезбедување „Портокалова дланка-обединети во активизам против насилство врз жените и девојчињата“.
„Изминативе години во светот и кај нас во голема мера се рушеа предрасудите околу родовото насилство, особено насилството врз жените и девојчињата. Колку повеќе се соочувавме со оваа проблематика, толку повеќе растеше свесноста за целокупната сложеност, специфичност, условеност на проблемот, односно колку и во која мера оваа социо-патолошка појава објективно ги тангира речиси сите сегменти на општественото живеење и функционирање“, истакна Спасовски надополнувајќи дека низ призмата на полициската практика во поглед на насилството врз жените не се соочуваме само со семејната дисфункционалност, туку со низа сериозни социо-економски фактори, со културно - традиционалистички квази-вредности, со образовно-воспитни субстандарди, со социо-патолошки и криминогени фактори, кои што лежат во заднината на оваа општествено, но и индивидуално крајно сериозна проблематика“, истакна Спасовски надополнувајќи дека родово базираното насилство, односно семејното насилство е сериозен проблем и бара внимание и постапување од соодветните институции по поднесена пријава, се со една единствена цел, а тоа е заштита на жртвите и казнување на сторителите на насилството.
„Во пресрет на глобалната акција на Обединетите Нации – 16 дена активизам против родово базирано насилство потребно е сите заедно како општество, но првенствено и како луѓе солидарни и сочувствителни едни кон други поамбициозно и поорганизирано да продолжиме во елиминирањето на ова зло – насилството кон жените и девојчињата“ дециден беше Спасовски.
Министерот своето обраќање во заврши со цитати од Општата Декларација за правата на човекот на ООН посочувајќи дека можеме и мораме да ги заштитиме жените и девојчињата, сите да бидеме дел од Портокаловата дланка-обединети во активизмот против насилството!
Ново на Сител
-
Мицкоски: Прочка е ден кој не потсетува на значењето на простувањето, смирението и човечката блискост
-
Мицкоски и министрите ќе учествуваат на унгарско-македонскиот владин самит во Унгарија
-
Приведен 17-годишник кој бил агресивен кон полицајци на службена должност
-
Во Лос Анџелес доцна вечер почнува 97. церемонија на доделување на наградите Оскар
-
Пронајдени 10 пакувања со марихуана кај 18-годишник
-
Уапсени тројца кавадарчани кои краделе од плантажа на компанија
-
Ватикан: Папата Франциск е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ
-
На Попова Шапка и Лазарополе утрово најстудено