Спасовски – Маринов: Се унапредува полициската соработка меѓу Македонија и Бугарија
Министрите за внатрешни работи на Македонија и Бугарија, Оливер Спасовски и Младен Маринов, денеска имаа средба во рамки на Министерскиот форум на службите за внатрешна контрола од регионот што се одржува во Софија.
На средбата, министрите изразија задоволство од досегашната соработка, истакнувајќи дека се подготвени за натамошен развој и унапредување на заедничкото дејствување, соопшти макеоднското МВР.
– Комуникацијата меѓу нашите земји е одлична и ние сме подготвени да ви помогнеме на патот кон Европа, нагласил Маринов.
Спасовски потенцирал дека е од големо значење добрата соработка меѓу полициите од двете земји, додавајќи дека Република Македонија очекува помош од Република Бугарија на патот кон остварувањето на својата цел- членство во НАТО и Европската Унија.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција