Спасовски: Македонија е против бегалски кампови на нејзина територија
Европскиот комесар задолжен за миграција, Димитрис Аврамопулос, одговори дека на овој состанок не се разгледувала идеајата за отворање на бегалски кампови во земјите од регионот. Македонија, од своја страна, е одлучно спротиставена на ваквата идеја, изјави за МИА министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
По состанокот на министрите за внатрешни работи од земјите на Западниот Балкан со нивните бугарски и австрики колеги, како и еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, македонскиот министер, Оливер Спасовски, за МИА порача дека за Македонија отворање бегалски кампови не доаѓа предвид.
- Република Македонија има јасен став по ова прашање, тој став е дека ние имаме транзитни центри, значи само прифатни, за кратко време, на бегалци коишто можат да поминат низ територијата на Република Македонија како што беше во изминатиот период. Не гледаме причина тој став да се промени, апсолутно дека ние можеме да соработуваме, заеднички да се штитиме од евентуален мигрантски бран меѓутоа не може Македонија да биде место кадешто ќе имаме заеднички кампови и тука да бидат на подолг рок, вели тој.
Данска и Австрија, која го презема кормилото на ЕУ на 1 јули, неодамна ја објавија идејата за отворање на кампови за бегалци, чии барања за азил се отфрлени во ЕУ, тие луѓе да бидат префрлени во кампови „во Европа, но надвор од ЕУ“. Повеќе дипломатски извори од овие две земји прецизираа дека станува збор за земјите од Балканот најверојатно.
Еврокоемесарот за миграција за новинарите порача дека не станало збор за оваа идеја на денешниот состанок со земјите од регионот.
Запрашан како Европската комисија гледа на оваа идеја на Данска и Австрија, Аврамопулос изјави дека не гледа ниту една земја која изразила желба да прифати кампови на своја територија.
Останува дека австриското претседателство, доколку одлучи, може да го стави на маса и официјално овој предлог. Запрашан како ЕК ќе реагира доколку се официјализира овој предлог, комесарот одговори:
- Ако пристине предлог, ќе го дискутираме, но за сега не го избрале тоа. Идејата е тука, но тоа не е конкретен предлог за сега, рече Аврамопулос за МИА.
Миграциската криза е најголемиот предизвик за земјите членки на ЕУ во овој момент, бидејќи тие не успеваат да ги усогласат своите ставови. Токму во отсуство на компромис беше спомената идејата од страна на Данска и Австрија да се отворат надвор од ЕУ кампови за бегалци чии статуси се во исчекување или им бил одбиен азилот.
Ново на Сител
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија