-->
-->
Спасовски исвиркан од поранешните Лавови: „Што бараш со тука, оди со УЧК!“
-->
Во прилепско Лениште денес се одржа одбележување на 15 годишниот јубилеј од формирањето на единицата за брза интервенција Лавови.
Припадниците на поранешната единица за брза интервенција за одбележувањето се потсетиле за подвизите на истата.
Но, како што пишува порталот Журнал.нет. дваесетина автомобили со поранешни припадници на „Лавови“ си заминале од местото на настанот, откако пристигнал техничкиот министер Оливер Спасовски.
Според пишувањата на порталот, припадниците на единицата упатиле негодувања и свирежи кон Спасовски по неговото пристигнување. „Оди во Куманово“, „Сликај се во Диво насење!“, „Што бараш со тука, оди со УЧК“, се само дел од негодувањата што присутните ги упатиле кон Спасовски, по што истите си заминале.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ненов од движењето Стоп извршители
-
Почина родилка во кумановската болница, новороденчето на интензивна на Детска
-
Струмица и шест села останаа без исправна вода за пиење
-
Законот за нефер трговски практики стапи на сила, поевтинување нема
-
Софија одби медијаторство на Орбан во разговорите со Скопје, различни анализи што всушност понуди унгарскиот премиер
-
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор утврдил сомнителни набавки од Владата на СДСМ
-
Расте потребата од образовни асистенти
-
Пристап до безбеден абортус е здравствено право на секоја жена