Спасовски - Филипче: Приоритетно вакцинирање на полициските службеници
Денеска во Министерството за внатрешни работи на покана од министерот Оливер Спасовски се одржа работен состанок меѓу раководствата на Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство предводено од министерот д-р Венко Филипче. Целта на денешниот работен состанок беше прецизирање на термините и постапката за отпочнување на вакцинацијата на полициските службеници, особено на оние кои се директно изложени и учествуваат во борбата за спречување на ширење на пандемијата со коронавирусот.
Од страна на министерот за здравство Филипче беше потврдено дека вакцинацијата продолжува според националниот план за вакцинирање на приоритетните групи,а во оваа фаза започнува вакцинацијата на повозрасната група граѓани.
Со оглед на влошувањето на епидемиолошката состојба во земјата, на средбата се утврди и потребата од приоритетно вакцинирање на сите полициски службеници. Притоа, министерот Спасовски потенцираше дека Министерството за внатрешни работи е подготвено со своите логистички, медицинскии инфраструктурни капацитети да учествува во реализацијата на овој процес.
На состанокот, меѓу другото,беше истакната и потребата од заедничка средба со верските лидери во земјава, во пресрет на престојните рамазански и велигденски празнувања.
Ново на Сител
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
-

Нема брзо решение за проблемот на камионџиите, блокадите засега остануваат
-

Власта и опозицијата со различни ставови за протестот на синдикатите
-

Временските промени ги „разбудија“ вирусите
