-->
-->
Спасески: Вложувањето во младите е сигурна инвестиција во иднината
-->

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Марјан Спасески изминатите два дена учествуваше на Глобален младински форум во седиштето на Организацијата на ОН во Њујорк, чија цел е подигање на свесноста за неопходноста од инвестирање во младински политики, како и имплементација на Одржливите развојни цели на ОН.
Како што информираат од АМС Спасески имал обраќање на министерскиот панел на тема „Обезбедување на неопходни средства и финансии за поддршка на младинскиот развој”, каде се осврнал на успешниот процес за креирање на Националната Стартегија за млади (2016-2025), како и активностите кои ги презема АМС за имплементација на целите и приоритетите во истата.
-Националната Стратегија за млади е резултат на едногодишен процес воден од страна на АМС, а финансиски поддржан од UNDP-мисијата во Македонија, во кој директно учествуваа преку 250 претставници од околу 75 невладини и младински организации и други релевантни институции, кои работеа заедно и ги дефинираа целите и младинските потреби за следниот десетгодишен период, информираше Спасески и потенцираше дека буџетот на АМС за поддршка на младинските активности за 2017 година е седум пати поголем во однос на претходната 2016 година.
Тој се осврнал и на процесот на воспоставување на Регионалната канцеларија за младинска сорботка (РИКО), чија основна цел е да ги поврзе и помири младите луѓе од Регионот.
На Форумот, Спасески остварил билатерални средби со неколку свои колеги, а ја посетил и постојаната мисија на Република Македонија во Организацијата на Обединетите Нации.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СП 2026: За Белингем најважно е да остане позитивна атмосфера
-

Приведен 16-годишник кој со нож избодел две години помладо момче
-

МВР: Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Шар Планина
-

УХМР: Во Куманово и околината поројни дождови, а невремето се движи од запад кон исток
-

Ѓорѓиевски: Планинска спасителна служба на Водно и во Кањон Матка - безбедноста на граѓаните е наша обврска
-

Носкова: Ова никогаш нема да го заборавам
-

СП 2026: Аргентинците веруваат во одбрана на титулата
-

СП 2026: Норвешка сега ја има на фудбалската карта
