Спасени белгиски планинари кај Дебар, биле нападнати од овчарски кучиња и бегајќи се качиле на телефонски столб
Полициски тим од дебарското одделение за внатрешни работи синоќа интервенирал по повик на белгиски државјани - планинари, за помош и загрозена безбедност.
Во Одделението за внатрешни работи во Дебар повикот бил примен синоќа во 19:13 часот од страна на белгиски државјани кои планинареле во планински појас над Дебар, а потоа биле нападнати од кучиња.
-Констатирано е дека тие се наоѓаат во близина на селото Новак, општина Центар Жупа, по што полициски тим со теренско возило веднаш се упатил кон селото, каде заедно со ловочуварот од селото Новак ги пронашле тројцата планинари. Станува збор за белгиските државјани Л.М.(42), М.Л.К.(62) и Ј.Ј.(41), кои бие безбедно пренесени до нивното моторно возило, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.
Според него, тие појасниле дека откако поставиле камп шатор биле нападнати од овчарски кучиња, а бегајќи се качиле на столб за мобилна телефонија.
Лицата биле во добра здравствена состојба, без повреди.
МИА
Ново на Сител
-
Трет ден кампања за Локалните избори 2025
-
Самит за дигитализација на Западен Балкан 2025 во Скопје
-
Променливо облачно со слаб до умерен северен ветер
-
Генералниот секретар на ОН го поздрави мировниот план на Трамп
-
УЈП: Суспендирани инспекторите опфатени во случајот со пожарот во дискотеката во Кочани
-
Истрага против тројца турски државјани, му се заканиле дека ако не им даде 40.000 евра ќе го убијат
-
Романија покажа што значи „сплотени за извонредност“
-
Шикорски не ја исклучува можноста Путин да го нападнe НАТО