Спасени 64 мигранти во морскиот дел јужно од грчкиот полуостров Пелопонез
Крајбрежната служба на Грција во морскиот дел јужно од полуостровот Пелопонез вчера спасила 64 мигранти кои се превезувале на едрилица , јави дописничката на МИА од Атина.
Спасувачката акција, како што соопштија од крајбрежната служба, започнала откако добиле информација од товаран брод што бил во близина дека едрилица со мигранти плови без контрола во конкретната морска област.
Мигрантите биле спасени и безбедно пренесени на пристаништето во градот Каламата.
Паралелно, грчката крајбрежна служба веќе деветти ден продолжува со потрагата по исчезнатите од несреќата со мигрантите минатата седмица.
Досега пронајдени се безживотните тела на 82 лица, а спасени 104 лица.
Во рибарскиот брод што потона во близина на Пилос кај Пелопонез, официјално не е познато колку лица се пренесувале, а според преживеаните бројката би можела да е околу 700 лица.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Богданци
-
СДСМ вечерва на митинг во Ѓорче Петров
-
Тема на денот со Маја Мојсова, кандидатка на СДСМ за Карпош
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини