СП – жени: Реми за шампионките од Бразил и пораз на Новрешка во првото коло
На Светското првенство за ракометарки што се одржува во Данска синоќа беа одиграни натпреварите од 1.коло. Светскиот првак Бразил, кој во финишот од дуелот со Јужна Кореа беше во негатива од два гола (24:22) сепак успеа да стигне до еден бод, додека една од селекциите за висок пласман Норвешка загуби од Русија.
Без победник заврши и дуелот меѓу Црна Гора и Србија.
Резултати од 1.коло:
A група: Црна Гора – Србија 28:28, Унгарија – Тунис 39:20, Данска – Јапонија 30:21.
Б група: Холандија – Кина 42:21, Куба – Полска 22:27, Шведска – Ангола 37:23.
Ц група: Аргентина – Конго 23:15, Франција – Германија 30:20, Бразил - Јужна Кореа 24:24.
Д група: Романија – Порторико 47:14, Шпанија – Казахстан 31:10 и Норвешка – Русија 25:26.
Денеска се играат натпреварите од 2.коло во групите А и Б, додека во групите Ц и Д е слободен ден.
Двојките за денеска се:
Јапонија – Црна Гора, Србија – Унгарија, Тунис – Данска (А група),
Кина – Куба, Ангола – Холандија, Полска – Шведска (Б група).
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и треба обвинителство кое ќе се справи со криминалот и корупцијата
-
Цената на парното останува иста
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пожарите се подметнати
-
Синдикатите, работодавачите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Во Тетово се гради меморијален парк за жртвите во пожарот во модуларната болница
-
Кадарот во хотелско угостителскиот сектор болна тема
-
Заштитена средновековната кула на локалитетот Пирго, дел од одбранбениот систем на Цар Самоил
-
Преглед на вестите од светот