Ракомет
15. December 2015 - 9:02

СП жени: Познати четвртфиналните двојки

По синоќа одиграните натпревари познати се четвртфиналните двојки на Светското пренство за ракометарки то се одржува во Данска.

Во борбата за медалите останаа селекциите Европа како и што се очекуваше. Како последни две четвртфиналето го изборија Црна Гора и Русија.
Осминафинале - резултати:
Црна Гора - Ангола 38:28,
Русија - Јужна Кореја 30:25,
Франција - Шпанија 22:21,
Полска - Унгарија 24:23, 
Данска - Швеска 26:19,
Холандија - Србија 36:20,
Бразил - Романија 22:25,
Германија - Норвешка 22:26.
 
Денеска на шампионатот е слободен ден, а утре се играат четвртфиналните дуели: 
Холандија - Франција (Колдинг, 17:45 часот),
Полска - Русија (Хернинг, 18:00)
Норвешка - Црна Гора (Колдинг 20:30)
Данска - Романија (Хернинг, 20:45).
Селекциите кои загубија во осминафиналето според резултатите се пласираа од 9-16.место: Шведска, Бразил, Унгарија, Шпанија, Германија, Јужна Кореја, Србија, Ангола.
Во натпреварите за пласман или популарниот „Президент Куп“ триумфираше селекцијата на Кина.
17.место: Кина - Аргентина 35:27,
19.место: Јапонија - Порторико 44:15,
21.место: Тунис - Казахстан 39:23,
23.место: Куба - Конго 29:19.