СП во ракомет: Франција ја освои бронзата во драматична завршница
Француските ракометари успеаја да го завршат Светското првенство со медал. Тие ги урнаа соништата на Португалија со триумф во мечот за бронзениот медал со резултат 35:34 (19:17).
Еден гол го реши неверојатниот исход на мечот, каде како херој излезе францускиот голман Шарл Бонзингер, кој спаси обид на Португалците во последната секунда од мечот.
Дебитантите во борбата за медал не ги спасија ниту 11 одбрани на Густаво Капдевила, кој на крајот сосема заслужено ја доби наградата за играч на натпреварот. Франција го освои 13-от медал на планетарните првенства и на тој начин продолжи да го негува статусот на репрезентација со најмногу одличја.
Најдобар стрелец на натпреварот беше Ајмерик Мине (10), кој беше единствениот со двоцифрен број на голови на овој меч. Веднаш по него беше Дилан Нахи со шест гола во победничкиот состав.
Што се однесува до Португалија, најефикасни ракометари беа Франциско Коста со осум и пивотот Виктор Итуриза со еден помалку.
Ново на Сител
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати
-
Владата најавува системско решение за Ѓавато и Дојранското Езеро
-
Дали Стоматолошката комора работела незаконски ќе испитува Обвинителството
-
Онколошки пациенти реагираат за партиципацијата на „анастрозол“ и „летрасан“
-
Левица го кандидираше Амар Мециновиќ за градоначалник на Скопје
-
Ќе се ослободат 60 паркинг места во Старата скопска чаршија