СП 2026: Мбапе со гол од пенал ја однесе Франција во четвртфинале

Франција се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство, откако синоќа во Филаделфија со доста мака го совлада Парагвај со 1-0.
Килијан Мбапе го постигна единствениот гол на натпреварот, реализирајќи од пенал во 70. минута.
За Мбапе ова беше седмиот гол на ова Светско првенство, со што се израмни со аргентинскиот капитен Лионел Меси на листата најдобри стрелци.
Франција во четвртфиналето на 9 јули ќе игра против Мароко, кој претходно во саботата извојува убедлива победа над Канада, еден од домаќините на Светското првенство, со 3-0.
Четвртфиналето во Филаделфија веројатно го донесе најздодевниот натпревар досега на мундијалскиот турнир, во кој Французите долго време се мачеа да ја пробијат парагвајската одбрана и нивната тактика на забавување на играта, со постојани провокации и мали грубости.
Ова функционираше против француските ѕвезди до 70. минута, кога Дезире Дуе изнуди пенал, што Мбапе го претвори во гол.
Парагвајците не направија ништо офанзивно ниту по примениот гол, што отвори многу простор за француските контранапади. Во петтата минута од судиското продолжение, парагвајскиот голман двапати ги одбрани ударите на Мбапе, а остатокот од времето помина во голема нервоза, на работ на општа тепачка на теренот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со министерката за образование и наука, Весна Јаневска
-

САД ке ја предводи истрагата за инцидентот на „Рајанер“ што се случи на македонското небо
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој не сака нов Изборен законик
-

Утре во Собрание владината реконструкција
-

Владината кошничка ќе биде усвоена следната недела на ЕСС
-

Високите температури го зголемија ризикот од труење со храна - на инфективна секојдневно имаат пациенти
-

За 30% зголемен бројот на повици во Итната помош Прилеп, недостасува кадар од сите профили
-

Овчата сипаница го пустоши сточниот фонд
