Македонија
24. April 2025 - 12:51

Создавање на кадри според потребите на пазарот на трудот - Дали оваа политика може негативно да се рефлектира врз гимназиите?

Гимназијата веќе не е атрактивна за учениците, со оглед на фактот дека бројките на запишани ученици во стручното образование постојано се зголемува. Па според ова, и МОН креира нови политики кои водат до креирање на кадри, според потребите на пазарот на трудот во државата. 

Уписите се во тек, а конкурсот предвидува место за 27.600 нови средношколци. Од нив, има 7.900 слободни места во гимназиите, а во средно стручно дури 18.000 места. Во 18те илјади слободни места, 6.700 се резервирани места за ученици во дуалните паралелки.

Но, се поставува прашањето, дали оваа политика на ставање фокус на средното стручно образование за да се спречи изливот на мозоци, може негативно да се рефлектира врз гимназиите во државата? 

Теорија на училиште, пракса во фирмите. Досега над 550 компании се понудиле да обучуваат средношколци, кои ако се покажат во добро светло, откако ќе изучат им нудат можност за вработување. 

Во меѓувреме, државата пробува да го спречи изливот на млади дипломирани мозоци со поголем буџет. Годинава на државните универзитети распределуваат 6,5 милијарди денари, што е за 1,5 милијарда повеќе од лани.А за наука се обезбедени 680 милиони денари, за 300 милиони повеќе од претходната година.