Совети за заштита на насадите за земјоделците во Битола
Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството-АПРЗ со седиште во Битола продолжува со редовни совети за земјоделците кои во овој период од годината се посветени за заштита на овоштарството и други растителни производи.
Според Ана Велјановска советник за растително производство во АПРЗ, реализацијата на мајскиот календар е фокусирана на заштитата на јаболката, крушите и црешите во сите региони низ државата.
- Неодамнешните неповолни временски услови предизвикаа штети врз овошните култури, но заштитата мора да се врши насекаде со цел растенијата да зајакнат и да се развиваат. Во овој период земјоделците треба да ги заштитат плодовите на јаболката и крушите од бактериска пламеница и монилија на плодовите, а исто така неопходно е прскање против ларвите на јаболковиот црв за што се користат посебни фунгициди, појасни Велјановска.
Во овој период од годината се врши заштита и на црешите кои се соочуваат со најголемиот штетник на црешата, црешината мува.
- Раните сорти не се прскаат со инсектицид против овој штетник, затоа што тој не ги напаѓа овие сорти. Третирањето против црешова мува се изведува со инсектицид кој што е на база на некоја од активните материи делтаметрин, тиаклоприд, имидаклоприд, ацетамиприд, диметоат, хлорпирифос..., вели Велјановска.
Од АПРЗ информираат дека во градинарството, до 25. мај завршува садењето на растенија за рано производство на домати, пипер и модар патлиџан.
Ново на Сител
-
Во американската воздухопловна база Аин ал-Асад во Ирак активиран системот за воздушна одбрана
-
Иранците потврдија за напади врз американските бази во Катар и во Ирак
-
Иран кон двата најголеми градови во Катар испука 6 балистички ракети | ВИДЕО
-
Иран ги нападнал американските бази во Катар
-
Катар го суспендира воздушниот сообраќај како превентивна мерка
-
На граѓаните на САД во Катар им е препорачано да се „засолнат“ додека Иран најавува одмазда
-
Прогласена вонредна состојба на грчкиот остров Хиос поради пожарите
-
Трамп: Никој да не ги зголемува цените на нафтата