Балкан
21. February 2016 - 17:21

ЕУ аплира до косовската опозиција: Откажете се од насилство

Европската унија оценува дека случувањата во Парлементот на Косово се штетни за институционалниот живот и за граѓаните на Косово.

Во офиијалното соопштение објавено на веб  сајтот на ЕУ во Косово,ЕУЛЕКС  се упатува апел да се престане со насилството.

-Упатуваме апел за откажување од насилство од секаква форма и враќање на дијалогот,базирајќи се на начелото на демократско владеење и демократска опозиција, кое функционира во рамките на демократските институции. Сите страни треба да се воздржат од употреба на поттикнувачка реторика ,која само ја продлабочува поделбата и дијалогот го чинат потежок,-стои меѓу другото во соопштението.

Во истото се наведува дека политичките цели треба да се постигнат преку демократски процес во интерес на народот на Косово.