Совет за здравство на ЛДП: Да се престане со партиската поделба на раководните функции во ЈЗУ
Министерот за здравство Фатмир Меџити да даде образложение засновано на факти и докази односно да ги презентира злоупотребите утврдени од надзорот со цел јавноста да е информирана зошто го разреши директорот на Универзитетската клиника за кардиохирургија проф. д-р Сашко Јовев, еминентно стручно лице во медицината, под чие водство за првпат во државата се започна со кардиохируршка интервенција на пресадување на срце, реагираат од Советот за здравство на Либерално-демократската партија.
Како што посочуваат од Советот на ЛДП, одлука за разрешување може да се донесе, но истата треба да биде поткрепена со сериозни аргументи за злоупотреба на службената положба и овластување, бидејќи изјавите со паушални обвинувања кон раководните лица на јавните здравствени установи не придонесуваат за надминување на состојбите во здравството.
Воедно повикуваме да се престане со партиската поделба на раководните функции во јавните здравствени установи и да се овозможи овие позиции да бидат достапни за сите оние кои се истакнуваат со стручност, компетентност и моралност во извршувањето на одговорната улога на прв човек во јавна здравствена установа, додаваат од Советот.
ЛДП
Ново на Сител
-
ЦУК: Турски туристи спасени кај Кањонот Матка
-
ЕП ќе расправа на прва пленарна седница за 2025 година
-
Мицкоски ќе присуствува на инагурацијата на Доналд Трамп во Вашингтон
-
Почнува второто полугодие од учебната 2024/2025
-
Доналд Трамп денеска полага заклетва како 47. претседател на САД
-
Шест загинати и седуммина повредени во пожар во дом за нега на стари лица во Белград
-
Во Хрватска масовни повици за бојкот- Не купувајте ништо в петок на 24 јануари
-
Утрото студено, преку ден до 11 степени