Совет на Европа: Државите мораат подобро да ги штитат трансородовите лица

Државите мора подобро да ги штитат правата на трансродовите лица, се вели во извештајот објавен денеска од Советот на Европа, предупредувајќи на високи нивоа на дискриминација и несигурност на трансродовите лица во Европа.
„Државите имаат примарна одговорност за отстранување на пречките со кои се соочуваат трансродовите лица при остварувањето на нивните права“, рече комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, објавувајќи го новиот извештај насловен „Човекови права и родовиот идентитет и изразување“.
И покрај зголемената видливост на трансродовите луѓе и значителниот напредок низ Европа, постојат „шокантно високи стапки на дискриминација, насилство и несигурност што таквите луѓе ги доживуваат во секојдневниот живот“, рече Мијатовиќ.
Меѓу клучните препораки, Советот ги повикува државите да обезбедат трансродовите луѓе да имаат „ефективен пристап до трансспецифични здравствени услуги без стигма“ и без да мора да се подложат на психолошка проценка.
Покрај тоа, родовиот идентитет и родовото изразување треба да бидат експлицитно признати „во антидискриминациското законодавство“, се вели во извештајот.
Според Советот на Европа, трансродово лице кое може веродостојно да докаже прогон поради родов идентитет треба да добие статус на бегалец, според Советот на Европа.
Ново на Сител
-

„Стоп за Усје“ на протест – граѓаните бараат Министерството да не и даде нова лиценца на компанијата
-

Тема на денот со проф. д-р Константин Димитров
-

Протестен марш ,,Стоп за Усје‘‘ против аерозагадувањето
-

Повеќе пари за инвестиции, земјоделие, образование: Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-

Мицкоски: Дипломатската нота за патувањето на моето семејство ги радикализира односите со Софија
-

Пазарна ќе ги споредува цените во целиот синџир на снабдување за да утврди од каде доаѓа поскапувањето
-

Судот во Стразбур: Државата имала право да ги поништи аболициите на Иванов
-

Амандманската расправа за правична застапеност ги судри албанските партии
