Македонија
13. July 2018 - 8:30

Состанок на Управувачкиот комитет на Меѓународниот институт за одржливи технологии на ЈИЕ

Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска ќе се обрати на третиот состанок на Управувачкиот комитет на Меѓународниот институт за одржливи технологии на земјите од Југоисточна Европа.

Целта на Институтите да ја промовира соработката меѓу науката, технологијата и индустријата, да дава поддршка на развојот на иновациите, на размената и развојот на човечките ресурси и на размената на корисни информации.

- Тој претставува и платформа за едукација на научни работници врз основа на трансфер на знаење и технологии од европските центри и лаборатории. Во него се очекува да бидат вработени научници и експерти од земјите основачи, меѓу кои и Република Македонија, соопшти МОН.