Сопствениците на тезги повикуваат пожарот во ТЦ „Глобал“ да не се користи за политички препукувања
Здружението на тезги при ТЦ „Глобал“ во Струмица ги повика политичките партии да не го користат пожарот во „Глобал“ за да добиваат поени кај своите симпатизери и активисти, бидејќи со тоа не им помагаат на погодените од пожарот.
Доколку сакаат да покажат со прст кон виновникот за настанот, посочуваат, замолуваме да ги почекаат резултатите од истрагата која е започната и институциите да го кажат тоа.
Ѓорги Никовски од Здружението вели дека сакаат да укажат дека политичките препукувања не се потребни во овој момент.
-Не треба да се долева бензин на огнот кој беснееше и кој беше изгнаснат. Ни треба солидарност и сплотеност во овој момент за да може сите заедно повторно да го изградиме нашето работно место, рече Никовски.
Додаде дека „Глобал“ бил и ќе биде пазар каде се нуди производот од маката и трудот на земјоделците и нема да дозволат да биде политички пазар, посебно во моменти кога им е загрозено парчето леб и е потребна санација и повторно пуштање во употреба.
Во пожарот, кој избувна минатата сабота во 23:12 часот, изгоре една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот, а урнат е и дел од покривот.
Ново на Сител
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
Преглед на вестите од светот
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Повеќе државни институции сместени во МРТВ две недели без вода - Вработени раце мијат во блиски молови
-
Македонија изгубила речиси 250 000 граѓани за една деценија, објави ЕВРОСТАТ