Сопствениците на тезги повикуваат пожарот во ТЦ „Глобал“ да не се користи за политички препукувања
Здружението на тезги при ТЦ „Глобал“ во Струмица ги повика политичките партии да не го користат пожарот во „Глобал“ за да добиваат поени кај своите симпатизери и активисти, бидејќи со тоа не им помагаат на погодените од пожарот.
Доколку сакаат да покажат со прст кон виновникот за настанот, посочуваат, замолуваме да ги почекаат резултатите од истрагата која е започната и институциите да го кажат тоа.
Ѓорги Никовски од Здружението вели дека сакаат да укажат дека политичките препукувања не се потребни во овој момент.
-Не треба да се долева бензин на огнот кој беснееше и кој беше изгнаснат. Ни треба солидарност и сплотеност во овој момент за да може сите заедно повторно да го изградиме нашето работно место, рече Никовски.
Додаде дека „Глобал“ бил и ќе биде пазар каде се нуди производот од маката и трудот на земјоделците и нема да дозволат да биде политички пазар, посебно во моменти кога им е загрозено парчето леб и е потребна санација и повторно пуштање во употреба.
Во пожарот, кој избувна минатата сабота во 23:12 часот, изгоре една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот, а урнат е и дел од покривот.
Ново на Сител
-

Ковачки: Воената академија ќе добие за 419 отсто поголем буџет
-

Пуштен сообраќајот на патниот правец Градско – Велес
-

УХМР најавува пообилни врнежи од дожд и засилен ветер
-

Ема Стоун најубава позната жена во светот, според „Златниот пресек“
-

По неколку години, Полска повторно отвори два гранични премини со Белорусија
-

Тројца повредени во сообраќајка на патот Валандово-Удово
-

Мицкоски: Го исполнивме ветувањето, 55.000 студенти ќе добијат по 15.300 денари за електронски уреди
-

На бриселскиот аеродром запленет кокаин во вредност од 4,3 милиони евра
