Сообраќајот отежнат, забрана за камиони на Стража и Маврово - Дебар

Поради снежните врнежи од изутрина во 8:15 часот е воведена забрана за движење на камиони на патот Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, а од 8:20 на патниот правец крак Маврово-Дебар, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Снегот што паѓа од ноќеска во поголемиот дел од државава го отежна патниот сообраќај, забавено се одвиваат градскот и меѓуградскиот превоз, а засега нема значителни проблеми во железничкиот и авиосообраќајот.
- Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Крива Паланка, Страцин, Куманово, Тетово, Гостивар, како и на планинските премини Стража, Кула и Маврово. На Попова Шапка врнежите од снег се со среден интензитет. Врнежи од слаб дожд се бележат во Охрид и Дебар, соопшти АМСМ.
Без проблеми од изутринава се реализирани предвидените полетувања и слетувања ид аеродормот „Александар велики“ во Скопје, покажуваат податоците на веб страницата на концесионерот „ТАВ Македонија“.
Според прогнозата на Управата за хидрометеролошки работи на Македонија (УХМР), пообилни врнежи ќе има во попладневните и ноќните часови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сантиметри. Ќе дува умерен, попладне засилен северен ветер, но во јужните делови претпладне ветерот ќе биде јужен.
Поради најавата од УХМР владиното Координативно тело за справување со кризи и Управувачкиот комитет за кризи апелира граѓаните да бидат внимателни при планирање на патувањата, односно да не тргнуваат на пат доколку немаат итна потреба, да носат соодветна зимска опрема, а особено транспортните возила за кои не е исклучена забрана во определен период. Компанијата ЕВН треба да формира тимови кои ќе бидат со зголемена мобилност и зголемена оперативна подготвеност во случај на нарушување на системот за снабдување со електрична енергија.
Ново на Сител
-

Мицкоски до Вреди: Нема да ја заборавиме жртвата која ја дадовме на овие избори, а за возврат не добивме ништо
-

Мециновиќ најавува конкретни решенија за отпадот во Скопје
-

Лабудовиќ најавува субвенции за годишен сервис на лифтови и хидранти - За безбедни згради и сигурни граѓани
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Влатко Грозданов, кандидат за градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ
-

Ден на револуционерната борба
-

Герасимовски со итни мерки од кризниот штаб за справување со ѓубрето во Центар, се мобилизираат и другите општини
-

Состојбата со сметот во Скопје е алармантна за здравјето на сите граѓани предупредуваат лекари
