Македонија
25. October 2023 - 7:55

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од настанатите поплави на 14.06.2023 год. во Делчево и околината, оштетени се темелите на мостот на Црвена река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајот на мостот се одвива наизменично, по една коловозна лента.

Почнувајќи од 08.04.2023, патниот правец Охрид - Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3.5тона.