Македонија
5. January 2018 - 11:34

Сообраќајна несреќа во Битола, еден тешко повреден

Во Битола вчера во 7:25 часот на патот А3, односно на исклучувањето кон село Кажани се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Фиат Дукато“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.А. (31) од Битола и возило „Ауди А4“ со струшки регистарски ознаки управувано од Б.М.(27) од Струга.

Во незгодата, Г.А. се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен и задржан на лекување во Клиничка болница-Битола. Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи -Битола.